Османи Државата оди брзо назад, власта ќе нема цел мандат

Ветив дека секој ден од пет ипол до седум ипол ќе шетам пешки по Чаир, да ги видам сите проблеми на општината, вели Османи во интервју за „Независен“

Кандидатот за градоначалник на Чаир и поранешен шеф на дипломатијата, Бујар Османи, во интервју за „Независен“ ги гледа изборите на 19 октомври како референдум на кој граѓаните ќе кажат – дали ќе продолжат по европскиот пат или кон српскиот свет. Тој смета дека уназадувањата во државата се толку големи што не смее да се чека ни цел мандат за да ѝ се прати порака на власта. Османи најавува дека во март ќе има и предвремени парламентарни избори, бидејќи по локалните ќе се покаже дека оваа ситуација е неодржлива.

Според него, со Чаир 20 години раководел само еден градоначалник, Изет Меџити, и иронија е да бара уште четири години за да го направи Чаир подобро место за живеење. Ветува дека ако биде избран веќе нема да има нелегално градење во општината, но дека е илузија да се урива сега зграда од 12 ката во која живеат граѓани што со години штеделе за да си купат стан. „Илегални градби, тоа кај мене нема да проаѓа“, тврди Османи, бидејќи како што вели, сите што го познаваат знаат „дека ни кафе не плаќа со државни пари, а не пак некој да изгради незаконски зграда под негов надзор“.

Тој проценува дека урбанистички Чаир е во таков хаос и толку не се испочитувани стандардите што, ако се случи нешто како во Кочани или земјотрес, бројот на жртви ќе биде огромен. За актуелното раководство вели дека склучило 720 фиктивни договори на дело со партиските активисти, наводно за одржување комунална хигиена, но единствена обврска им била да пишуваат постови против него и ДУИ, а не да чистат.

Разочаран е од Христијан Мицкоски бидејќи со него Албанците се сведени на „нула“ во државните институции (нивната застапеност паднала за 2 отсто) и притоа вели дека на разговор со дипломати премиерот порачал „дека ова е време за второ полувреме“ и дека свесно се креира криза во државата по нечие барање од север.

Интервјуто прочитајте го тука