Османи: Добивме цврста поддршка за нашата евроинтеграција, која ќе се реализира утре и задутре во Брисел

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук истакнува кои се придобивките од денешното потпишување на билатералниот протоколот во Софија, со неговата колешка Генчовска.

„Денес во Софија, втор состанок на Заедничката меѓувладина комисија на Северна Македонија и Бугарија. Ги нотиравме сите активности и проекти кои произлегоа од работните групи, активностите поврзани со Коридорот 8, соработката во туризмот, културата итн. Го потпишавме Протоколот, кој претставува записник од состанокот на Комисијата кој ќе ни овозможи засилен ангажман во унапредување на билатералните односи. Добивме цврста поддршка за нашите европски интеграции, која ќе се реализира утре и задутре во Брисел, преку одржување на Првата Меѓувладина конференција, почеток на скрининг процесот и старт на преговорите“ – истакна Османи.