„Фактор.мк“ со информација колку потписи собрале претседателските кандидати во првите два дена од процесот на потпишување.
Според информациите, засега најмногу потписи има собрано претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи – 5.405 потписи.
По него следува Максим Димитриевски од ЗНАМ, со 3.613 потписи.
Професорката Билјана Ванковска која е кандидат на Левица досега има собрано 2.758 потписи.
За градоначалникот на Карпош – Стевчо Јакимовски во првите два дена од собирањето на потписите се потпишале 1.974 лица.
Вело Марковски има 249, а кандидатот на Алијанса за Албанците – Арбен Таравари засега има 246 потписи.
Ѓорги Манасков има 59, а Господин Поповски засега има 10 собрани потписи.
Претседателските кандидати на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова можат да е потпрат на потписите на 30 пратеници во Собранието.