„Владата е единствена и апсолутно јасна во своите определби и ништо нема да ја поколеба во остварување на целите. Јавноста со право е фрустрирана поради економските текови кои се поврзани со надворешни фактори, како и од пандемијата и од забавувањето на европските текови, но работа на Владата е да ги води и предводи работи, а не да јава на расположенијата на граѓаните. Граѓаните се фрустрирани, но тие гледаат постратешки од многу политичари“.
Ова меѓудругото денеска за Утрински брифинг го изјави министерот за надворешни работи – Бујар Османи.
Тој посочува дека државата нема да најде друга алтернатива на ЕУ, но дека се помалку има политички капитал – поддршка од граѓаните за, како што вели, бесконечно да продолжиме во ова малтретирање.
„Овие два месеца треба да се вложиме оти ова е една од последните шанси да ги надминеме разликите со Бугарија и да ги започнеме европските процеси“ – вели Османи и посочи дека ново во надворешната политика е воспоставувањето процес на следење на имплементацијата на стратешкиот договор со САД и покренување нови иницијативи во делот на економската соработка, енергетиката, одбраната, кибер заштитата, додека со ЕУ продолжуваат разговори на паралелни текови оти нашата цел е да создадеме европска и функционална држава.