Османи ги собра потребните 10.000 потписи

Кандидатот за претседател од ДУИ, Бујар Османи, преку видео порака од својот дом вечерва објави дека собрал над 10 илјади потписи за неговата кандидатура.

Потпишувањето на граѓаните за кандидатите за претседател се одвива тековно, без проблеми и застој. Одзивот на граѓаните е на задоволително ниво-информираат од подрачните одделенија на ДИК.