Министерот за надворешни работи – Бујар Османи на тв Алфа рече дека повеќепати во јавноста му се префрла од страна на поранешниот министер Димитров, но и од други политичари, дека е попустлив во преговорите со Бугарија затоа што е Албанец.
„Јас сум хирург и овие обвинувања за бесчуствителност кон Македонците треба да ги сфатам како предупредување дека не смеам да оперирам Македонци затоа што не сум доволно чуствителен. Тоа е апсурдно“ смета Османи.
Вели дека како министер се заколнал пред Собранието.
„Јас апсолутно имам дадено заклетва пред Собранието дека ќе работам за интересите на овие граѓани, ги знам позициите на Парламентот преку Резолуцијата која е усвоена, знам кои се осетливите прашања во процесот на преговорите, односно црвените линии кои не треба да се преминат и тука е едностано – или ја знаете работата или не ја знаете, не е прашање на осетливост“ – рече Османи.