Османи: Германија со јасна и гласна поддршка за нашите евроинтеграциски процеси

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварил средба со Лусија Путрих, државна министерка за федерални и европски работи на покраината Хесен во Сојузна Република Германија.

Во фокусот на разговорите биле перспективите за соработка со покраината Хесен, со акцент на економско – финансиската соработка, имајќи предвид дека Хесен е банкарски центар во Сојузна Република Германија и Европа.

-Германија, движечка сила на евро-агендата во земјите од Западниот Балкан, продолжува со јасна и гласна поддршка на евро-интегративните процеси на нашата земја, потенцира шефот на македонската дипломатија.

На средбата, државната министерка за федерални и европски прашања на покраината Хесен била запознаена и со спроведените реформи и активностите кои Република Северна Македонија ги презема, со акцент на тековниот скрининг во рамки на Европската Унија, а во насока на заокружување на членството во Унијата.