Османи во Јапонија ќе ги презентира можностите за инвестирање во земјава

Бујар Османи – шефот на македонската дипломатија утре и задутре ќе биде во работна посета на Јапонија, на покана на јапонскиотминистер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши.

Османи покрај средбата со својот домаќин, ќе биде примен и од престолонаследникот на Јапонија – принцот Акишино, а ќе има и одвоени средби со спикерите на Домот на претставници и Домот на советници при Парламентот на Јапонија, Хиројуки Хосода и Акико Санто.

Османи ќе организира бизнис-форум со Јапoнската организација за надворешна трговија (JETRO), на кој ќе ги презентира поволностите за инвестирање во С. Македонија пред истакнати јапонски компании како „Хонда“, „Митсубиши“, „Нипон Коеи“.

Од МНР информираат дека од Токио, Османи ќе отпатува за Вашингтон, каде што ќе ја предводи владината делегација во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу С. Македонија и САД.