Османи: Ако усвоиме резолуција, Бугарија може да ја врати декларацијата

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека резолуцијата што ја подготвува СДСМ може да предизвика штета ако испровоцира исто таков потег од  Бугарија.

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека резолуцијата што ја подготвува СДСМ може да предизвика штета ако испровоцира исто таков потег од  Бугарија.

-Зошто ви е резолуција кога имате Преговарачка рамка? Што ќе донесе таа? Сакаме ли да ги поттикнеме Бугарите и тие да донесат нова декларација? Да се зацементираат црвените линии? Па, црвените линии се во Преговарачката рамка. Нема бенчмарк за историјата. Јазикот е утврден. Посебноста ја признаа. Без оглед што за домашна употреба пуштаат забелешки за записникот, тие си гласаа за Преговарачката рамка, а во неа стои македонскиот јазик – вели Османи.

Според него, треба време за да се сфати дека Преговарачката рамка е најдобро решение за Македонија.