
Ослободени 59 студенти кои протестираа во Истанбул
Судот во Истанбул издаде наредба за ослободување на 59 студенти, кои изминатите недели протестираа во Истанбул поради апсењето на сменетиот градоначалник Екрем Имамоглу
Судот во Истанбул издаде наредба за ослободување на 59 студенти, кои изминатите недели протестираа во Истанбул поради апсењето на сменетиот градоначалник Екрем Имамоглу.
Судот наведува дека студентите се ослободени бидејќи „нема достапни снимки на кои се гледа дека осомничените го прекршиле законот“.
Судот во Истанбул вчера ослободи 102 од приведените демонстранти, а на уште 25 лица им е укинат куќниот притвор.
Неодамна, главниот обвинител на Истанбул побара затворска казна до три години за повеќе од 100 од приведените демонстранти поради кршење на забраната за собири.
Масовните протести во Истанбул беа предизвикани од приведувањето на Имамоглу на 19 март, а демонстрациите резултираа со судири помеѓу полицијата и демонстрантите. Во исто време, во Истанбул, Анкара и Измир беше воведена забрана за собири и демонстрации, што не ги спречи луѓето да излезат на улица.