Ослободени се четворицата заложници од Газа кои беа киднапирани на фестивалот во октомври

Ноа Аргамани (25), Алмог Меир Јан (21), Андреј Козлов (27) и Шломи Жив (40) беа спасени во специјална операција на израелските одбранбени сили (ИДФ), Израелската разузнавачка агенција (ИСА) и израелската полиција од две одвоени локации во срцето на Нусејрат откако беа киднапирани од Хамас од музичкиот фестивал Нова во октомври минатата година.

Тие се во добра здравствена состојба и се пренесени во медицински центар за дополнителни лекарски прегледи.

„Ќе продолжиме да вложуваме максимални напори за да ги вратиме заложниците дома“ – се вели во соопштението.