Осимен во Манчестер Јунајтед, тврдат во Турција

Виктор Осимен ќе потпише со нов клуб. Фудбалерот на Наполи како позајмен во Галатасарај нема да остане во Истанбул, туку летово ќе се пресели на Островот.

Виктор Осимен ќе потпише со нов клуб. Фудбалерот на Наполи, моментално позајмен во Галатасарај, нема да остане во Истанбул и летово ќе се пресели на Островот.

Манчестер Јунајтед е еден од клубовите, според турските медиуми, кој сака да го ангажира Нигериецот, а според нивните извори, Осимен наводно договорил петгодишен договор со „црвените ѓаволи“ вреден 15 милиони евра годишно!

Напаѓачот има важечки договор со Наполи, а моментално заработува десет милиони годишно.

Неговата ослободителна клаузула е 80 милиони евра, а Манчестер Јунајтед преку преговори ќе се обиде да ја намали цената.

Последниот збор сепак го има Наполи, кој секако ќе сака да дојде до максималната цена.