Кина подготвува воен одговор, Тајван ја крева подготвеноста на армијата

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси пристигна доцна синоќа во Тајван, на ненајавено, но внимателно следено патување, велејќи како тоа ја покажува непоколебливата посветеност на САД за самоуправниот остров, за кој Пекинг тврди оти е дел од Кина.

Кина реагираше со подигнување на околу 20 борбени авиони, кои прелетаа над Тајванскиот теснец. Не долго потоа, најави четиридневни воени вежби околу Тајван, каде што планира да користи боева муниција.

Тајван објави дека ја зголемува својата воена готовност, велејќи дека воениот одговор на Кина „претставува блокада на островот“.