Орхан Муртезани меѓу потпретседателите, Беким Сали секретар за човечки ресурси – нови кадровски решенија во Алтернатива

Арбен Лабеништи, Орхан Муртезани и Сафие Садики Шаини се нови потпретседатели, Амир Елези е именуван за генерален секретар, а Башким Муртезани за организациски секретар. Ова се кадровските решенија во Алтернатива по денешниот состанок на централното претседателство на партијата.

Беким Сали e назначен за секретар за човечки ресурси, Адмирим Алити за секретар на секретаријатот на одделенијата, Фисник Мела за секретар за стратешки политики, а Дритон Сулејмани за секретар за односи со јавноста.

„Овие одлуки уште еднаш покажуваат високо ниво на демократија и внатрешна стабилност на Алтернатива, давајќи им можност и простор на новите кадри да придонесат во највисоката хиерархија на партијата“, се наведува во соопштението.