Синоќа во Берлин германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија ќе и достави на Украина оружје во вредност над 500 милиони евра.
Тој истакна дека Украина ќе добие уште три системи за противвоздушна одбрана ИРИС-Т, десетина оклопни возила, 20 мобилни ракетни фрлачи. Поголемиот дел од нив ќе бидат испорачани идната година.
Шолц помошта ја најави истиот ден кога украинскиот претседател Володимир Зеленски беше домаќин на виртуелната средба на светски лидери посветена на враќање на анектираниот Крим на Украина.