Украинскиот претседател Володимир Зеленски додели орден „Кнез Јарослав мудриот“ на неколку светски политичари, меѓу кои и претседателот на Собрание на Македонија, Талат Џафери.
Орденот се доделува за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина и значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот.
Џафери во април 2022 година ја посети Украина, со цел да ја потврди општата определба на државата да ја поддржи Украина и украинскиот народ, при што напомена дека физичкото присуство во оваа држава значи и лична, но и институционална поддршка на напорите на украинските институции да го врати мирот и контролата врз целата своја територија.