Орданоски: Македонија е под силен налет на српска пропаганда

„Стоиљковиќ ја носи српската пропаганда. Македонија е под силен налет на српска пропаганда. Минатата недела пет саати на агрегаторот Тајм.мк стоеше веста дека претседателот Вучиќ ќе се сретне со рускиот амбасадор. Таа вест се клика, се гледа, затоа што Вучиќ ќе се сретнел со рускиот амбасадор. Таа пропаганда на Стоиљковиќ е отворено против Западот“ рече аналитичарот Сашо Ордановски на поткастот „Политиканти“.

Тој додаде дека на а ВМРО-ДПМНЕ му е потребен секој глас што може да го добие и дека тие не се алергични на српски и руски пропаганди.

„Политиката којашто ја води ВМРО-ДПМНЕ, особено Мицкоски откако е дојден таму е дека претпочита да влезат сите, затоа што на тој начин сакаат да направат што поимпресивен резултат. Тоа им носи разводнување на политичката порака и втерување на целата партиска идеологија се повеќе кон десно“ рече Ордановски.

Тој додаде дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ се ставаат во агол од кој потоа не можат да излезат кога се во прашање перспективи на нашата држава.