Орбан: Франција ја поддржува програмата на Унгарија, ќе работиме на проширување на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска, по разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, дека Франција ја поддржува програмата на Унгарија за претстојното претседателство со Европската унија и дека заедно ќе работат на проширувањето.

„Некои земји од Западен Балкан чекаат 15 години да влезат во ЕУ. Лошо е, можеби дури и понижувачко. Огромното мнозинство земји-членки сакаат земјите од Западен Балкан, вклучително и Србија, што поскоро да влезат во ЕУ“, рече Орбан, додавајќи дека за време на неговото шестмесечно претседавање со унгарскиот блок ќе работи на тоа.

Тој додаде дека Макрон го поддржал и планот на Унгарија за зајакнување на европската економија.