
Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија
„Затоа Брисел е толку вознемирен. Затоа сакаат да запленат замрзнати руски средства, да го ревидираат системот за финансирање на ЕУ и да земат нови заеми. Ние го отфрламе тоа. Не е работа на Унгарија да ја финансира Украина. Немаме причина за тоа, ниту политички, ниту економски, ниту морално. Не сме сами во Европа, но зборуваме најотворено. Затоа Брисел постојано нè напаѓа“, рече Орбан.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека, според јавните проценки, на Украина ѝ се потребни 400 милијарди американски долари за да ја продолжи војната со Русија во следните четири години и дека се очекува Европската Унија да ја плати сметката, но истакна дека „не е работа на Унгарија да ја финансира Украина“, иако неговата земја е членка на ЕУ.
Орбан рече дека, освен ЕУ, нема никој друг кој е подготвен да ја плати сметката, пренесе МТИ.
„Затоа Брисел е толку вознемирен. Затоа сакаат да запленат замрзнати руски средства, да го ревидираат системот за финансирање на ЕУ и да земат нови заеми. Ние го отфрламе тоа. Не е работа на Унгарија да ја финансира Украина. Немаме причина за тоа, ниту политички, ниту економски, ниту морално. Не сме сами во Европа, но зборуваме најотворено. Затоа Брисел постојано нè напаѓа“, рече Орбан.
Тој рече, користејќи германски израз, дека ЕУ сака „јавол (jawohl) влада“, односно влада која само ќе кажува „разбирам“.
„Тие сакаат „јавол влада“, со Канцеларија на европскиот јавен обвинител, економска политика што е во согласност со ЕУ, експерти одобрени од Брисел и премиер што можат да го контролираат“, рече Орбан.
Унгарскиот премиер најави дека неговата влада во следните четири години ќе ги поддржува унгарските семејства, бизниси и пензионери, во чии рамки ќе се воведе ослободување од данок за мајките со две или три деца, а ќе се врати 14-тата пензија.
„Не можеме да дозволиме унгарски пари да се испраќаат во Украина“, заклучи Орбан.