„Унгарија не може во сегашната форма да го поддржи новиот пакет санкции на Европската унија против Русија, којшто вклучува ембарго на увозот на руската нафта“. Ова денеска го изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан и потенцира дека „предлогот на Европската комисија за забрана на увозот на руска нафта претставува „атомска бомба“ фрлена врз унгарската економија“.
Според него, на Будимпешта ќе ѝ бидат потребни „најмалку 5 години, како и пари, за да можеме да се реорганизиране во поинаков ред и да ги престрои капацитетите“.
„Шефицата на Европската комисија го игнорира фактот дека земјите од ЕУ се во сосема различни услови и дава предлог кој ги игнорира поединечните параметри на земјите. Не можеме да го прифатиме ова, бидејќи за Унгарија тоа е еднакво на атомска бомба“ – изјави Орбан.
Тој вели дека Унгарија чека нов предлог од Европската комисија,
„Не сакам да се спротиставувам на Европската унија, туку да соработувам…, но тоа е единствено можно доколку предвид бидат земени нашите интереси“ – вели Орбан.