Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека САД и Русија треба да преговараат за прекин на огнот во Украина, оценува дека Доналд Трамп би можел да биде надеж за мир и дека со Ангела Меркел денеска нема да имало војна во Украина.
„Примирјето мора да биде договорено не меѓу Русија и Украина, туку меѓу Америка и Русија“ – нагласи тој.
Орбан рече дека оној кој верува дека војната може да заврши со руско-украински преговори „не живее на овој свет“, бидејќи реалноста е поинаква.
Тој истакна дека Украина може да се брани од Русија само затоа што е воено поддржана од САД.
– Војната беше отворена денеска само затоа што Американците тоа го сакаа. Еве зошто Американците и Русите треба да се договорат и тогаш војната ќе заврши – убеден е Орбан.
Тој оцени и дека американскиот претседател Џо Бајден не е вистинскиот преговарач за американската страна.
– Тој отиде предалеку – смета Орбан, додавајќи дека Бајден кажал некои работи за Владимир Путин, по што е тешко да се водат преговори.
– Можеби звучи брутално тоа што ќе го кажам, но надежта за мир е Доналд Трамп – рече тој.