Орбан: Сорос е еден од поттикнувачите на судирот меѓу Украина и Русија!

Премиерот на Унгарија – Виктор Орбан наведе дека милијардерот Џорџ Сорос е еден од поттикнувачите на војната во Украина.

Орбан во интервју за радио „Кошут“ рече дека само мирот ќе ја спречи инфлацијата и ќе ја спаси економијата од понатамошни шокови.

Смета дека Унгарија сега е практично единствената земја која сака мир.

„Мораме да финансираме мир, а не војна. Сега е сосема очигледно дека има деловни кругови кои се заинтересирани за оваа војна. Џорџ Сорос ги симболизира. Отворено зборува за потребата од продолжување на војната. Тоа се поттикнувачи на војна кои сакаат да заработат од војната“ – рече унгарскиот премиер.

Минатиот месец во Давос Сорос рече дека руската воена операција во Украина „можеби е почеток на Третата светска војна и дека нашата цивилизација можеби нема да ја преживее“.

Орбан долго време беше еден од најжестоките критичари на Сорос. Во 2020 година, унгарскиот премиер го нарече милијардерот „најкорумпираниот човек на светот“ кој на својот платен список има „долга листа на политичари, новинари, судии, бирократи и политички агитатори кои се маскираат како членови на граѓански организации“.