Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија

– Немојте да се залажувате: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.

– Немојте да се залажувате: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.

Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.

– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.