Премиерот на Унгарија – Виктор Орбан придружуван од сопругата Анико Леваи, денеска по гласањето на парламентарните избори во Унгарија, рече дека е убеден оти нивните противници „не ја чувствуваат тежината или сериозноста“ на ситуацијата и дека можат „да преземат чекори кои би можеле да ја вклучат Унгарија во конфликтот“ пренесува агенцијата „МТИ“.
„Тоа би било трагично за Унгарија“ – рече Орбан, додавајќи дека партијата Фидес има за цел да го спречи тоа.
Околу 8,3 милиони Унгарци со право на глас денеска имаа можност да гласаат за нов состав на Парламентот.
На владејачката партија Фидес на премиерот Орбан и се спротивстави коалиција од 6 опозициски партии Обединети за Унгарија, предводени од конзервативецот Петер Марки-Зај.