Орбан: Ова не е наша војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека денеска во Брисел има мнозинство кое е за војна и дека во политиката доминира логиката на војната.

– Денеска во Брисел има провоено мнозинство. Во Европа расположението е војна, а во политиката доминира логиката на војната. Гледам подготовки за војна од сите – изјави Орбан.

Тој додаде дека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг сака да воспостави мисија НАТО-Украина, додека „европските лидери веќе влегоа во војната“ и ја гледаат и водат како своја војна.

– На почетокот се работеше само за испраќање шлемови. Потоа има санкции, но не за енергетските компании! А сепак, тогаш и за нив. Потоа дојде до испорака на оружје. Прво огнено оружје, потоа тенкови, па авиони. Потоа финансиска помош. Десетици милијарди, се повеќе и повеќе. Сега сме некаде околу 100 милијарди евра. Пари, пари, оружје, но ситуацијата не се подобрува, всушност се влошува – смета Орбан.

Унгарскиот премиер нагласи „дека сме на чекор од Западот да испрати војници во Украина“.

– Ова е виор на војна што може да ја одвлече Европа во длабочините. Брисел си игра со оган. Тоа што го прави е искушение. Светските војни никогаш не се нарекуваат светски војни за почеток. Убеден сум дека мора да се држиме настрана од оваа војна. Ова не е наша војна. Не сакаме војна и не сакаме Унгарија повторно да стане играчка на големите сили. Затоа мора да се залагаме за мир – дома, во Брисел, Вашингтон, ОН и НАТО – заклучи Орбан.