Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое му го честита реизборот, соопшти портпаролот на унгарскиот премиер Берталан Хаваши.
Во писмото упатено до Путин, Орбан го изразува своето задоволство што соработката меѓу Унгарија и Русија се заснова на „взаемно почитување што овозможува дискусија за важни прашања, дури и во сегашната тешка геополитичка ситуација“, пренесува МТИ.
Како што посочи, Унгарија е на страната на мирот и е убедена дека „одржувањето на дијалогот е клучен услов за воспоставување на најбрз можен мир“.