Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека „токму бирократските глупости на Брисел не донеле никаков резултат за воспоставување мир во руско-украинската војна“.
„Ако сакаме да ставиме крај на војната, потребен ни е политички пристап, наместо бирократски“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс , коментирајќи ја објавата на шефот на дипломатијата на Европската Унија, Жосеп Борел.
Пред тоа, Борел на платформата Икс напиша дека посетата на Орбан на Москва спаѓа исклучиво во билатералните односи меѓу Унгарија и Русија.
„Позициите на Европскиот совет во однос на руската војна против Украина ги исклучуваат официјалните контакти меѓу ЕУ и Владимир Путин. Според тоа, премиерот на ЕУ Орбан не ја претставува ЕУ“, рече Борел.
Орбан во Москва, по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека Унгарија на своето шестмесечно претседавање со Европската Унија гледа како на мировна мисија.
Тој вети дека ќе продолжи да работи со Русија и Украина за постигнување мир, велејќи во Москва по посетата на Киев дека ставовите на страните за договорот се далеку едни од други.