Унгарскиот премиер Виктор Орбан и бугарскиот претседател Румен Радев денеска разговарале за унгарската програма за претстојното претседавање со Советот на Европската унија, каде еден од клучните елементи, како што се наведува, е стабилноста на Западен Балкан, соопшти кабинетот на Орбан.
На средбата во Будимпешта, двајцата лидери се согласија дека соработката меѓу нивните земји игра клучна улога во промовирањето на мирот и развојот во регионот, изјави Берталан Хаваси, шеф на канцеларијата за медиуми на унгарскиот премиер, пренесува МТИ.
Претседателот на Бугарија, Радев денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Унгарија на покана на унгарскиот претседател Тамаш Шујок, јави претходно Радио Бугарија.