Премиерот на Унгарија – Виктор Орбан прогласи победа на вчерашните парламентарни избори. Во својот говор, Орбан рече дека „изгледа прилично добро, можеби никогаш подобро“.
„Ова е голема победа. Освоивме толку многу што може да се види од Месечината, а секако и од Брисел“ – рече Орбан.
Според првичните резултати, владејачката партија Фидес на премиерот Орбан има убедлива предност пред обединетата опозиција.
Резултати од 74,52 проценти од обработените избирачки места:
Фидес: 54,45 проценти
Обединети за Унгарија: 33,72 отсто
Движење на нашата татковина: 6,40 отсто
Состав на Парламентот:
Фидес: 135 пратеници
Обединети за Унгарија: 57 пратеници
Движење на нашата татковина: 7 пратеници
Во Будимпешта се гласаше во 3.154 избирачки места и 23 области, јави агенцијата МТИ.