
Орбан: За да се стави крај на војната во Украина, потребни се дипломати, а не генерали
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека војната во Украина нема да се реши на бојното поле, туку дека за решение се потребни дипломати, а не генерали.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека војната во Украина нема да се реши на бојното поле, туку дека за решение се потребни дипломати, а не генерали.
„Клучот е во преговорите. Потребни ни се дипломати, а не генерали“, објави Орбан на платформата Икс.
Премиерот коментираше статија на порталот Јуроњуз (Euronews) во која беше објавено дека францускиот претседател Емануел Макрон вчера, за прв пат од 2022 година, имал „значаен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, објави унгарската информативна агенција MИT.