Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави вечерва дека „токму бриселските бирократски бесмислици не донеле никаков резултат за воспоставување мир во руско-украинската војна“.
„Ако сакаме да ставиме крај на војната, потребен ни е политички пристап, наместо бирократски“, објави Орбан на платформата Х како коментар за пораката на шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел.
Борел претходно на платформата Х напиша дека посетата на Орбан на Москва спаѓа исклучиво во билатералните односи меѓу Унгарија и Русија.
Орбан денеска ја заврши посетат ана Москва и напиша: Ги завршив моите разговори во Москва со претседателот Путин. Целта ми беше да ги отворам каналите на директна комуникација и да почнам дијалог на најкраткиот пат до мир. Мисијата е завршена! Продолжува в понеделник…