
Унгарскиот премиер Виктор Орбан одржа прес-конференција во Будимпешта. Запрашан дали шалот што го носел во ноември, на кој има карта на Велика Унгарија е провокација, тој вели:
„Тука нема ништо посебно. Ова е земја стара 1.100 години, опкружени сме со историски симболи“, рече Орбан, а неговите зборови на Твитер ги пренесе Золтан Ковач, портпарол на кабинетот.
„Ако сакав да провоцирам, можев да најдам многу подобар начин да го направам тоа“, рече Орбан.
„Секогаш правам јасна разлика помеѓу она што тие го нарекуваат голема Унгарија и она што јас го нарекувам историска Унгарија. Тоа е интелектуален производ кога прашувате како можете да бидете поголеми, но јас не сум дел од тоа“, рече Орбан.