Општина Карпош издаде 24 прекршочни платни налози на градежниците

Општина Карпош информира дека во последнава недела Инспекторатот изрече 12 прекршочни платни налози од комуналните редари, 8 Прекршочни платни налози за правно лице и одговорно лице во правното лице од комунален инспектор и 4 прекршочни платни налози за правно лице и одговорно лице во правното лице од градежниот инспектор, или вкупно до денес 24 прекршочни платни налози.

Како причини за изрекувањето на казните се наведуваат непрописно одложување на арматури на јавна површина, мешање малтер на јавна површини, оставање на градежен материјал на улица, валкани улици, уништување на тротоар, поставување на тоалети на јавни површини, велат од локалната самоуправа.

Сектор инспекторат ќе продолжи секојдневно да прави контроли на градилиштата, се до конечно ставање ред на истите, велат оттаму.