Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека оваа година доделуваат 1.800.000 денари финансиска поддршка за ФК Вардар.
– Со задоволство сакам да објавам дека општина Гази Баба оваа година доделува 1.800.000 денари финансиска поддршка за фудбалскиот клуб Вардар. Вардар е национална гордост на Македонија и ја заслужува нашата поддршка. Од срце за Вардар, објави Стефковски на Фејсбук.