Опозицијата за истрагата за Кочани: Од фарса до карикатура држава

За СДСМ фарса, за ДУИ доказ дека Македонија е карикатура од држава. Вака опозициските партии ја оценија истрагата на трагедијата во Кочани која викендов доведе до нови приведувања и осомничени така што бројката стигна до 45.

За СДСМ фарса, за ДУИ доказ дека Македонија е карикатура од држава. Вака опозициските партии ја оценија истрагата на трагедијата во Кочани која викендов доведе до нови приведувања и осомничени така што бројката стигна до 45.

-Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, која требаше и мораше да донесе правда, се претвори во фарса. И по проширувањето на истрагата, едно е јасно: не се бара никаква одговорност од оние што кобната ноќ беа на функција во МВР, но и други институции кои морале и и имале должност да го превенираат настанот. Вечерта на трагедијата, постоеле дежурни началници во ОВР Кочани, СВР Штип и БЈБ. Тие имале директна надлежност. Имало полицајци на лице место – виделе сè: малолетници, пиротехника, хаос и премолчеле, не презеле ништо иако знаеле и за настанот и за тоа што се случувало таму. Трагедија е што денес никој од нив не е ни осомничен за настанот.

Ова е селективна правда на ВМРО-ДПМНЕ во која Тошковски ги штити своите и оние кои тој ги поставил на функциите. Да биде уште поцинично – дозволата за пиротехника, која е директна причина за пожарот, паѓа под МВР. Значи – пропустите на системот и превенцијата се целосно кај МВР и актуелното раководство од кое нема ниеден осомничен. Тошковски со ваква истрага ги доуништува семејствата на загинатите. Трагедијата ја претвора во уште поголема трагедија, стои во реакцијата на СДСМ. Од партијата притоа прашуваат:

Зошто никој од актуелните полициски раководители не е предмет на истрага?

Зошто се гонат функционери кои тогаш воопшто не биле надлежни, а не оние што таа вечер требало да спасуваат животи?

Според СДСМ ова е класичен случај на политичко прикривање. Тошковски си ги штити своит, а јавноста гледа како трагедијата се претвора во уште поголема неправда.

-СДСМ нема да дозволи оваа лага да стане вистина. Ќе се бориме за целосна и неселективна одговорност. Без разлика на функцијата, без разлика на партиската книшка.Правда за Кочани значи одговорност за сите – особено за оние кои имале можност да спречат, а не мрднале со прст, порачаа од опозицијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија:

-Во СДС очигледно сонуваат навечер и кога ќе станат од досада решаваат да напишат соопштение, односно во истото да го раскажат сонот. Тоа е потврда и денеска, или пишуваат за случајот Кочани како немало истрага, како се било фарса. Нема да им ги раскажуваме деталите, бидејќи надлежните институции на дневна основа информираат, секако за она што не може да влијае на истрагата.

СДС сега можат само да седат слушаат, поточно да се информираат за истрагата, прво за тоа што го пропуштиле, па потоа за тоа што тековно ќе се случува.Јасно им е на сите во каква состојба е СДС, ама барем нека не се бламираат дополнително, туку нека се информираат и нека почнат за добро на државата барем за оние малкумина верни што им останаа“, возвратија до ВМРО-ДПМНЕ.

За ДУИ целата истрага пак е само доказ дека Македонија станува карикатура од заробената држава, како реакција на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на која беа изнесени детали за проширената истрага за случајот со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани. Според ДУИ истрагата за трагедијата е селективна, еднострана и таргетирана кон албанскиот народ.

„Наместо вистинска правда за трагедијата во Кочани, пред јавноста се демонстрира трговија со влијание – еден вид трансакциска заштита меѓу главниот виновник, министерот Тошковски, и обвинител кој се наоѓа под политички притисок, со функција што зависи од волјата на премиерот. Вистинската правда не смее да се крие зад селективни истраги и медиумски перформанси. Јавноста со право бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично. Она што ни се прикажува не е правда – туку институционален агресивен напад, еднострано насочен кон албанскиот народ во оваа држава“, наведуваат од ДУИ.