„Опозициското „НЕ“ за уставните измени веќе стана „ДА“ .- Ова е пораката која Ковачевски денеска ја испрати од Кавадарци на партиската трибина говорејќи за темите и заклучоците кои произлегоа од последната лидерска со Мицковски.
Ковачевски и денеска до неговиот политички опонент со охрабрувачка порака да не потпаѓа под влијание и да остане цврсто на изнесените ставови од последната тет а тет средба.
Од ВМРО ДПМНЕ пак и денеска со контра прашање и порака до Ковачевски. Кои од нивните два предлози ги прифатил па со партиските тела договарал формирање на работни групи.
И додека на големо се дискутира за тоа како би изгледала евентуалната широка владина коалиција без ДУИ дел од аналитичарите но и партиите со поделени мислења. Професорот по уставно право Александар Спасеновски во интервју за Радио Слободна Европа вели таква влада би можела дополнително да ги искомплицира работите .
Во разговор за ТВ 24 пак аналитичарот Исен Салиу пак со контра теза влада без ДУИ би имала и легитимитет и легалитет но прашањето според него е колку ДУИ ќе може без владата иако вели сите актуелни политички случувања најавуваат жешко политичко лето но и есен .
ДУИ пак вчера вечерта уште еднаш го потврдија својот став дека се спремни да подржат влада без нив откако ќе почнат да важат уставните измени. Со партиски став излезе и БЕСА која потврди дека нема да биде дел од широката влада.