Опожарен бил стан на втори кат во зграда на улицата „Виа Игнација“ во општина Ѓорче Петров. Интервенирале осуммина пожарникари со три противпожарни возила, потврди командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески.
Пожарот сега е ставен под контрола, допрва ќе се утврдува материјалната штета.
Изгаснат е пожарот во близина на Кванташки пазар, како што информираше Томески за МИА, гореа отпад и сува трева.
Томески рече дека вечерва имале интервенција и на територија на индустриска зона „Бунарџик“, каде горела сува трева.
Во моментов, скопски пожарникари интервенираат на пожар во домот „Ранка Милановиќ“ кај стар Кванташки пазар, каде, како што појасни командантот, гори ѓубриште.