Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во својот последен јануарски месечен извештај објави дека очекува глобалната побарувачка на нафта да порасне силно за 1,85 милиони барели дневно до вкупно 106,21 милиони барели дневно во 2025 година.
Во 2025 година глобалната економија ќе го забрза својот раст на 2,8 отсто од овогодинешните 2,6 отсто, што заедно со солидната економска активност во Кина ќе доведе до зголемување на светската побарувачка за нафта, се наведува на веб-страницата на ОПЕК.
Главниот двигател на растот на светската побарувачка на нафта се предвидува да биде побарувачката во земјите кои не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), главно во Кина, Блискиот Исток и Индија, се додава во извештајот.
ОПЕК ја остави прогнозата за раст на побарувачката за 2024 година непроменета во однос на проекцијата од претходниот месец, на 2,2 милиони барели дневно.