ОН го повикуваат Израел да ја поништи одлуката за изградба на населба што ќе го подели Западниот Брег

-Населбата е во спротивност со меѓународното право и дополнително ја зајакнуваат окупацијата, рече Дижариќ, пренесуваат британските медиуми.

Обединетите нации денеска го повикаа Израел да ја поништи одлуката за започнување со изградба на населба што би го поделиле Западниот Брег и би го поврзале со Источен Ерусалим, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дижариќ.

Тој изјави дека изградбата на населбата ќе ги прекине изгледите за решавање на проблемот меѓу Израел и Палестина преку решение за две држави.

-Населбата е во спротивност со меѓународното право и дополнително ја зајакнуваат окупацијата, рече Дижариќ, пренесуваат британските медиуми.

Претходно денеска, крајно десничарскиот израелски министер за финансии, Безалел Смотрич, објави планови за одобрување на тендер за изградба на повеќе од 3.400 станбени единици во спорниот проект за населба Е1 помеѓу Ерусалим и Маале Адумим на Западниот Брег.

Истовремено, тој рече дека овој план „ќе ја закопа идејата за палестинска држава“.

Смотрич во соопштението наведе дека одобрувањето на планот за изградба е продолжение на чекорите што Израел ги презема на терен како дел од де факто планот за суверенитет што почна да се спроведува со воспоставувањето на израелската Влада.

Проектот е замрзнат со децении поради жестокото противење од меѓународната заедница, која се плаши дека новата населба ќе блокира одржливо решение за создавање палестинска држава.

Со потенцијалната изградба на населби во таканаречената зона Е1, Западниот Брег би бил поделен на северен и јужен регион и би го спречил развојот на палестинска метропола што го поврзува Источен Ерусалим со Витлеем и Рамала, за која Палестинците долго време се надеваа дека ќе биде основа на нивната идна држава.

Како што, меѓутоа, соопшти надзорното тело за изградба на населбата „Peace Now“ (Мир сега), одобрените планови не се однесуваат на оригиналната зона Е1, туку на посебна населба во градот Маале Адумим.

„3.300-те станбени единици во Маале Адумим претставуваат зголемување од 33 проценти на вкупниот број единици во населбата, што е огромно проширување на населбата чие население стагнираше на околу 38.000 во изминатата деценија и претрпе емиграција“, соопшти организацијата.

Како што додава „Мир сега“, закажани се тендери за голема населба што ќе ја поврзе изградената област Маале Адумима со индустриската зона на исток.

Плановите за изградба на населба што би го поделила Западниот Брег предизвикаа осуда од земји како Катар, Египет и Норвешка, кои се спротивставуваат на плановите како кршење на меѓународното право.