ОН: Во Африка идната година ќе има 48 милиони гладни

Се очекува бројката на лица кои се борат за да се прехранат да се зголеми на рекордни 48 милиони до средината на 2023 година, соопштија денеска ОН во Западна и Централна Африка .

Околу 35 милиони луѓе или околу осум отсто од населението, се соочени со несигурност во обезбедувањето храна во тој дел од континентот, покажуваат податоците на ОН.

Многу земји се засегнати од комбинација на конфликти, климатски промени и раст на цените. Чад и Нигерија беа особено погодени од поплавите оваа година.

Според Светската програма за храна, земјите во кои е најзразена заканата од глад се Мали, Буркина Фасо и Нигерија. Трите држави водат војна против радикалните исламистички бунтовници, што доведе до раселување милиони луѓе.