По масовните протести во Србија кон крајот на декември, нивниот интензитет се чинеше дека опаѓа во периодот на православниот Божик. Меѓутоа, протестите сега продолжуваат, пишува германскиот печат.
Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува: „Крај од зградата на Републичкото јавно обвинителство на Србија, сива градба, се наоѓа паркот Мањеж. На 16 јануари студентите протестираа на таа локација. Тројца од нив свират на труби во жолти елеци на кои пишува ФМУ – Факултет за музичка уметност. Тие наизменично ја изведуваат српската химна ‘Боже правде’ и песната „Jingle Bells“. Тоа е вистинска лекција од групна динамика: на почетокот само неколку пеат, додека постепено сѐ повеќе луѓе се свртуваат и се придружуваат. На крајот, десетици од нив скокаат и викаат: Студенти, студенти, сега сите заедно – Загорка Доловац да не слушне! Тие ја обвинуваат републичката јавна обвинителка дека е пасивна, невидлива и дека ја запоставува својата работа“.
„Веќе два месеци студентите во Белград и другите градови го блокираат сообраќајот по 15 минути секој ден во 11,52 часот во сеќавање на 15-те жртви од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад – за нив симбол на корумпираниот систем на претседателот Александар Вучиќ. Блокирани се речиси сите универзитети во земјава. Наставата не се одржува, а испитите се прекинати. По масовните протести кон крајот на декември, нивниот интензитет се чинеше дека опаѓа за време на православниот Божик на 7 јануари. Меѓутоа, сега протестите продолжуваат. Почнаа да им се придружуваат средношколци, професори, универзитетски професори, адвокати и граѓани“.
Весникот од Франкфурт потсетува: „На 16 јануари во Белград еден возач ја проби блокадата, удри студентка на тротоарот и ја возеше неколку метри на покривот на автомобилот. Ова не е прв случај на насилство или заплашување на демонстрантите. Истиот ден студентите организираа собир пред
„Тие бараат објаснување на околностите кои довеле до несреќата во Нови Сад. Зад ова стои желбата да се воспостави владеење на правото, демократијата, функционалните институции, да се стави крај на корупцијата – и желбата Србија да биде земја каде што дипломата има вредност, објасни неодамна еден студент во опозициска ТВ емисија. Политичката елита изгледа збунето, бидејќи движење без лидери и идеологија не се вклопува во нивниот опсег на толкувањата“.
„Тоа не се само цели кои потсетуваат на последните масовни студентски протести, на падот на Слободан Милошевиќ. На протестите денес може да се слушне како тогашните реформи не биле доволни и како суштината на власта не е променета. Во декември, младите го носеа транспарентот ‘Белград е повторно свет’ – алудирајќи на познатиот слоган на минатите протести: космополитизам наспроти примитивизам. И неколкуте опозициски медиуми во земјатаа се обидуваат да ги поврзат настаните со падот на Милошевиќ. Тие зборуваат за најголемите протести од 2000 година“.
Бајага и „Београдски синдикат“
„Во протестниот хор пее и Момчило Бајагиќ – Бајага, еден од најистакнатите кантавтори во постјугословенскиот простор. Во култниот филм ‘Професионалец’ од 2003 година, црнохуморна парабола за српскиот менталитет, Бајага глуми пејач во кафеана. На барање на пијаниот дисидент и професор Теја, тој пее за утешната минливост на власта.
Владата ги нарекува студентите и странски платеници. Неодамна, медиумите блиски до режимот објавија хрватски лични карти на двајца студенти – деца на српски бегалци од денешна Хрватска. Југословенскиот рок има претежно левичарски, транснационален призвук. Меѓутоа, постои и друга страна: хип-хоп групата „Београдски синдикат“ е и изразито српско-националистичка и системски критична. Нивната песна „Системот те лаже“ (2016) повторно често се слуша: мрачен крик за помош со порака дека ништо не се сменило од времето кога имало само два ТВ канали и еден вид кафе, бидејќи олигархијата сè уште владее – сега завиткана во демократија. Студентскиот глас е музички разновиден, но обединет во неговата желба за промени“, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Неделниот магазин „Шпигел“ пишува: „Секој што деновиве го слуша Александар Вучиќ би можел сериозно да биде загрижен за претседателот на Србија. ‘Има многу добри причини да ме убијат’, шепоти белградскиот автократ со својот вообичаен конспиративен тон за време на интервјуто за ТВ Хепи. Исто така: Тој се плаши од револуција во Србија ‘од страна на истите политички субјекти’ во рацете на криминалците и странските разузнавачки служби, кои, како што вели, моментално ја ‘злоупотребија трагедијата’ од Нови Сад.
Оттогаш протестираат претежно средношколци и студенти, но и наставници, професори, синдикалци, пензионери. Тие држат транспаренти со слогани како ‘На вашите раце има крв’ и ја осудуваат улогата на кинеските инвеститори во реновирањето на железничката станица во Нови Сад.
Поранешниот потпретседател на автономната покраина Војводина излезе во одбрана на студентски демонстрант, по што помина десет дена во целосно преполн затвор. По излегувањето од затвор изјави: ‘Знаеме дека сите одлуки ги носи еден човек, а тоа е Александар Вучиќ’.
„Што за сето ова вели самиот обвинет претседател на Србија? Секогаш кога ќе се случеше нешто трагично во последните месеци или кога автомобил ќе влетеше во толпата демонстранти, Вучиќ покажуваше дека е погоден. Така беше и минатиот четврток минатиот четврток, откако автомобил удри во 22-годишната студентка по право Соња Поњавиќ за време на протестот во Белград, соборувајќи ја на тротоарот и тешко ранувајќи ја.
Инцидентот стана главна вест и предизвика шок низ нашиот глобус. А на другата страна на светот, тенискиот ас Новак Ѓоковиќ по победата во осминафиналето во Мелбурн на фото-објективот нацрта срце и го напиша името Соња, за подоцна на прес-конференција да каже: ‘Бев шокиран кога Ја видов снимката’.
Меѓутоа, во случајот со студентката, како и во други слични случаи – како оние пред Факултетот за драмски уметности или Правниот факултет во Белград – не е секогаш јасно дали и до кој степен се бруталните напади на младите демонстранти се поврзани со директни поддржувачи на режимот на Вучиќ. Бидејќи членовите на СНС или полицајците во цивилна облека наводно биле инволвирани во ова во неколку наврати, сѐ повеќе луѓе веруваат дека тоа се координирани акции.
Дека претседателот на Србија традиционално одржува добри контакти со озлогласените белградски хулигански кругови преку посредници – тоа меѓу другото го откри и ‘Њујорк тајмс’ пред две години. Во тоа време, Вучиќ го обвини американскиот дневен весник дека објавил ‘бесмислен текст’ полн со лаги и уверуваше дека ќе продолжи бестрашно да се бори за својата земја.
„Деновиве Србија уште еднаш покажува колку сериозно се сфаќа оваа приказна за борбата“, заклучува новинарот на „Шпигел“.
(Дојче веле)