Здравствените власти во САД го регистрираа првиот смртен случај поврзан со новиот сој на коронавирусот – омикрон кој е доминантен вид и 73% од новите инфекции минатата недела се токму со овој сој. Жртвата е маж на околу 50 години, кој не бил вакциниран и немал никакви придружни болести.
Омикрон е детектиран кај околу 90% од новозаразените луѓе во областа на Њујорк, но и во другите делови од САД. Националната стапка на инфекција со омикрон значи дека повеќе од 650 000 луѓе се заразени со сојот во Соединетите држави во последните недели.
Од крајот на јуни, сојот делта е доминантен меѓу инфекциите со коронавирус, а на крајот на ноември, повеќе од 99,5 проценти од случаите на коронавирус биле делта соеви.