Омикронот урива рекорди на Балканот – големи бројки на заразени во Романија, Хрватска, Словенија

Во Романија со Ковид-19 во изминатите 24 часа се заразиле нови 19.685 граѓани, а пријавени се 94 смртни случаи како последица на коронавирусот..

Во Хрватска, пак, во изминатите 24 часа е забележан нов црн рекорд според бројот на заразени – вкупно 18.517 лица. Последен пат најмногу инфицирани случаи биле регистрирани на 20 јануари – 17.489.

Во Словенија во последните 24 часа со ПЦР тестирање се потврдени повеќе од 17.000 нови инфекции, што е најголем број заразени случаи во еден ден од почетокот на епидемијата, а што е за 4.799 повеќе од пред седум дена.

Загрижувачки е зголемениот број на заразени меѓу медицинскиот персонал кој се повеќе останува во изолација или е инфициран.