Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ

Општинскиот фудбалски сојуз на Свети Николе на вонредно собрание одржано синоќа ја поддржа кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Општинскиот фудбалски сојуз на Свети Николе на вонредно собрание одржано синоќа ја поддржа кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Кандидатурата на 55 – годишниот беше едногласно поддржана со 16 гласови на состанокот во Свети Николе.

Омерагиќ засега е единствен кандидат за наследник на Муамед Сејдини, кој на 17 ноември објави дека се повлекува од челното место во ФФМ.

Јавна поддршка Омерагиќ да биде избран за нов претседател на ФФМ изминатиот период доаѓа од многу познати поранешни македонски фудбалери, предводени од Горан Пандев, Илија Најдоски, Агим Ибраими, Гоце Седлоски и Ѓорги Христов.

Вонредното изборно собрание на ФФМ е закажано за 22 декември.