Омаж на проф. д-р Георги Сталев Поповски

Како што информираа од Деканатот на Филолошкиот факултет, за наставната, научната, творечката и преведувачката дејност на Сталев Поповски ќе говорат проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Зоран Анчевски, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева и проф. д-р Трајче Стамески.

Омаж на проф. д-р Георги Сталев Поповски, во соорганизација со ИМЛ, ДПМ и Македонскиот ПЕН-центар, ќе се одржи денеска со почеток од 12 часот во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Како што информираа од Деканатот на Филолошкиот факултет, за наставната, научната, творечката и преведувачката дејност на Сталев Поповски ќе говорат проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Зоран Анчевски, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева и проф. д-р Трајче Стамески.

Георги Сталев Поповски (1930, Витолиште – 2025, Скопје) е поет, прозаист, драмски писател, книжевен критичар и преведувач. Се школувал во Белград, Прилеп и Скопје. Со литература започнува да се занимава во 1947 година, а од 1953, во периодиката објавува книжевно-историска, теориска и театарска критика. Работниот век го минува како универзитетски професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, предавајќи современи јужнословенски книжевности, потсетија од Факултетот.

Бил долгогодишен уредник на списанието „Современост“. Еден е од првите членови на Македонскиот ПЕН-центар и на Друштвото на писателите на Македонија (1956).