„Економскиот ефект од војната во Украина е тежок за сојузниците“ изјави првата дама на Украина, Олена Зеленска во интервју за „Би-Би-Си“ и додаде дека Британците ги бројат пените (монетите), а Украинците ги бројат жртвите.
Таа рече дека кризата ќе завршеше побрзо доколку поддршката за Украина беше посилна и дека е важно да продолжиме да зборуваме за човечките жртви на војната.
Олена Зеленска, која е во брак со украинскиот претседател од 2003 година, изјави дека тие ретко се гледаат, но дека разговараат секој ден.
Таа испрати порака до Британците:
„Разбирам дека ситуацијата е многу тешка. Но, дозволете ми да ве потсетам дека за време на епидемијата на Ковид-19, која сè уште е таму, имаше и зголемување на цените и беше погодена Украина. Цените растат и во Украина. Но со тоа нашиот народ умира“.