Олаф Шолц во скандал: На забава со учество на Шолц, жени биле дрогирани со „дрога за силување“

Најмалку пет жени биле дрогирани на настан на кој присуствувал и германскиот канцелар Олаф Шолц. Инцидентот се случил на летна забавана на фракцијата на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на 6 јули. Ова го изјави берлинската полиција, која започна истрага по жалбите на жртвите.

Полицијата нагласи дека до утрото на 7 јули се регистрирани пет жртви: органите на редот трагаат по злосторниците. За нагласување е дека на забавата покрај илјадата поканети гости, присуствувале и највисоките рангови на партијата, вклучително и канцеларот Олаф Шолц.

Една од девојките се пожалила дека се чувствува лошо, имала вртоглавица и се жалела дека го изгубила помнењето по учеството на забава, објаснуваат истражителите. На забавата јадела и пиела, но не пиела алкохол. До крајот на настанот ѝ се слошило, а следното утро жртвата не можела да се сети на изминатиот ден. Направен е токсиколошки преглед, но резултатите се уште не се достапни.

„Ова е монструозен инцидент, кој од наша страна веднаш беше пријавен во полиција“, рече лидерот на фракцијата на СПД, Матијас Мартин, во писмото до пратениците и партиските вработени.

Германските весници известуваат дека не станува збор за само пет жени туку можеби и повеќе од десетина кои на забавата добиле специјален вид на дрога која меѓу другото служи и за силување.