„Ако Трамп победи во САД тогаш ќе имаме уште еднаш проблем со учеството на САД во НАТО и ќе се соочиме со протекционизам. Тоа ќе влијае на ЕУ и земјите членки, бидјеќи ќе мора повеќе да се троши на одбрана, а економиите ќе страдаат бидејќу меѓународната трговија ќе се намали“ рече поранешниот француски претседател, Франсоа Оланд на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.
Тој додаде дека САД под водство на Трамп ќе се оддалечува од Европа, бидејќи се повеќе заинтересирани за Азија.
„Имаме добри и пријателски односи со САД, но поради изборите во САД американското општество се фокусира дома, бидјеќи и таму се случуваат истите турбуленции како во Европа“ рече Оланд.
Тој додаде дека Европа треба да продолжи со демократско обединување, со демократски сили кои ќе ја промовираат европската идеја, ќе постават цели и ќе ги водат граѓаните за да може општествата да креираат заедничка иднина.