Околу 200.000 граѓани може да останат брз работа поради санкциите против Русија
Сергеј Собјанин – градоначалникот на Москва изјави дека 200.000 граѓани вработени во странски компании би можеле да останат без работа како последица на санкциите наложени против Русија заради инвазијата врз Украина.
„Според наши проценки, околу 200.000 лица се изложени на ризик да ги загубат своите работни места“ – објави Собјанин.
Тој вели дека минатата седмица властите објавиле програма вредна 41 милион долари за поддршка на вработувањето во престолнината.
„Програмата примарно е насочена кон вработените во странски компании кои привремено ги прекинаа своите деловни активности во земјата или одлучија да ја напуштат Русија“ – рече Собјанин.
Стотици претежно западни компании најавија затворање или повлекување од Русија од почетокот на воената интервеција на Русија во соседна Украина.
Собјанин рече дека од програмата се очекува да им помогне на повеќе од 58.000 луѓе кои останале без работа. За околу 12.500 од нив е предвидена преквалификација.