Околу 1.000 луѓе приведени на еколошки протест во Холандија

Холандската полиција денеска соопшти дека привела околу 1.000 луѓе за време на акцијата за граѓанска непослушност на еколошкото движење „Бунт за изумирање“, на блокада на автопатот организирана во знак на протест против субвенциите за фосилни горива.

Демонстрантите блокираа дел од патот во центарот на Хаг, кој е многу блиску до парламентот и до седиштето на неколку министерства.

По 45 минути полицијата почна да ги одведува демонстрантите.

„Приведивме околу 1.000 активисти поради кршење на законот за јавни собири“, соопштуваат од полицијата и додаваат дека нема да бидат кривично гонети.

Блокираниот пат е повторно пуштен за сообраќај, јавија локалните медиуми.